Уште со првите проблесоци на свеста кај детето започнува едно тегобно чувство за времето, како нејасно претчувство дека постоењето е составено од зрна песок кои ги развева ветерот, и дека единствено она чувство за себе, за Јас, нѐ држи навидум целосни, сѐ додека не биде одвеано и последното зрнце песок, тој последен остаток од животот, со кое и Јас ќе згасне, а зад нас ќе остане само ветерот на времето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ветерот повремено толку силно бие што не ги носи само зрната песок, туку отцепува парчиња и од самото Јас, па тоа Јас се чувствува немоќно, му се чини дека ветерот ќе го понесе и него заедно со песокта, ќе го згасне уште пред да бидат одвеани сите зрнца песок кои му биле доделени за до смртта, и тогаш Јас бара некое друго Јас, некои други Јас, со кои ќе се движи заедно додека околу нив беснее ветерот на времето; има потреба од тие други Јас не како поткрепа за преживување во материјата, туку како поткрепа за преживување на она најсуштественото од тоа Јас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)