Газам распаран конец, премин од будност во несон или сон; не знам што е пострашно; Се сакам кога ми доаѓаш Постојано, развидрена моја Мајо; Има само една временска пукнатина кога навечер ќе легнам- спокоен, зашто тогаш и ти ме заобиколуваш.
„Омајнина“
од Афродита Николова
(2010)
Претпладне ќе ги посетуваме музеите, а навечер ќе гледаме театарски претстави. Дијалектичко единство за мерак!
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Кога навечер ќе стигнеме дома, исцрпени од - монотонијата - од 9 до 17 егзистенција, многу поверојатно е дека ќе гледаме ТВ, активност што бара помала ментална и физичка енергија од читањето.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Доцна навечер ќе ги подготвуваше трските.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Вечерната програма на радиото секогаш завршуваше со инструментална верзија на „А бре Македонче“ и откако ќе ја ислушаше, кога навечер ќе си легнеше, тој продолжуваше да ја наслушнува тишината на нивното маало и знаеше дека набргу ќе заспие со љубовта на градот.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Но кога навечер ќе рошнеше со машата во мангалот, пеплосаните жарчиња кратко вивнуваа, небаре некоја невидлива сила ги враќа во живот пред да умрат сосем - е, тоа беше сосема јасен знак како ќе изгледа неговиот крај.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
А кога навечер ќе се вратеше, истрчував да го пречекам, навреме портата да му ја отворам и на ѕевгарот кога во дворот влегуваше исачена од патот да сум му, пак да се прекрстам, чест на ѕевгарот и на домаќинот да им направам, на Бога благодарна да му бидам што ми го врати човекот здрав и жив и што ќе ни ја има на ум нивата полебно жито во неа да се стори.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Жена - не девојка - туку жена која ќе му роди дечиња и навечер ќе му вели „добра ноќ“, а наутро ќе го буди со топол мирислив чај од јагоди, со многу шеќер во него.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Јас не бев, бидејќи бев во Лион.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Впрочем, подоцна му стана пријатно кога се сети дека и навечер ќе има можност да се прошета со новиот шинел.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
2. Ако сте го прочитале упатството за Асенета под точката 2, тоа се однесува и на вас, па еве го сонот што Вам ви се задава за спомнатите цели, со забелешка дека тоа е машки сон и дека јас го сонував, па најверојатно ќе можете и Вие да го сонувате, Аристине...
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Читателот лесно ќе погоди дали е вистинскиот, дали е токму оној кој единствено може да успее, ако, кога навечер ќе прилегне да ја чита оваа приказна, ќе се присети дали неодамна нашол некаде во тревата, или на улица загубена обетка.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
А навечер ќе чекам да излезе месечината и ќе се потпирам на пенџерето: ќе собирам, ќе одземам. Чкртај, приѕирај...
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Навечер ќе ти дадат едно лепче, сето со трици, со осилки и суво.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)