Толе го нарача Колета уште од саботата навечер и овој даде збор дека утре само нему ќе му свири, па ако сака и самиот Челебија нека слезе да му наредува, нема да го слуша.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Обично ова го пишувам навечер и ме фаќа еден до два часот по полноќ, па после не можам да заспијам до сабајле.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Но, од собите и до доцна навечер и ноќе се ширеа мириси на пот и парфеми, на пијалаци и сперма, се слушаа крикови на сласт, офкања и плачења.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Луѓето живееја во штама, без светлост навечер и со собран здив.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
И чекаше, седеше пред колибата наутро до навечер и вардејќи на Пазарџиски Пат и на Голем Пат, по едниот или по другиот, чекаше да се врати Јован од војна.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Било зајдисонце, а помеѓу тој миг, а тоа е шест навечер и пет наутро, ќе мора да мине преку еден океан и еден континент.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)