набргу (прил.) - веќе (прил.)

Набргу веќе не можеше да стори ништо друго, освен да се повлече на крајот од своите ветки и уште само да гледа како дебелиот пар од другата страна се престорува во една црвено-зеленикава грутка зазрачена жар, што го печеше со својата топлина и го гушеше со густите лути клопчиња чад.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Морам да најдам некое место да запрам, зашто набргу веќе нема да можам да чекорам“.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Набргу веќе и сновеа околу него. Беа уште поужасни со тоа што можеа да им бидат видени само по две разгорени синикави точки на нивните очи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)