Набргу таа се разболе, со брат ти појде во Тирана. Таму ја оперираа.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Но, се случи набргу таа сама да ја открие тајната...
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Едни се задоволуваат со разгледувањето на списанијата од порно литеатурата, други стојат пред витрините на баровите каде што се прикажуваат само полуголи жени, трети грицкаат пржени компирчиња и некаде тапо и бесцелно гледаат, некои се определиле само за еден франк во автоматот, една минута да „уживаат“ во убавините на некаква булеварска филмска серија, други итаат некаде, трчаат да се симнат што побрзо до метрото, а пак во кафеаните, кои се редовно полни со сомнителни жени, неретко се слушаат викотници, кавги, кршење на чаши, па доаѓа и до тепања, кои редовно завршуваат со пискотот на полициската кола, зашто со некаква незабележителна магична моќ, при секаков прекршок, набргу таа ќе се најде за интервенција на местото на прекршокот.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)