мрзоволно (прил.) - се (зам.)

Саво, кој беше навикнал секојдневно да ги дочекува пријателките на Снеже, мрзоволно се појави на вратата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Беше навистина еден на еден. Мал, мал ама техничар, Давид го плесна со каменот од прачката Голијата средчело, сѐ се заврши мигум, Давид мигум фрли поглед кон скришната ѕвезда на небото и додека сите вџашени се прашуваа до прачката ли е, до каменот ли е, до раката ли е, мрзоволно киниса накај дома, како што денешнава младеж пред полноќ мрзоволно се качува на последниот автобус за приградската населба.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Онака мрзоволно и како што беше облечен кога легна, мрзоволно се довлечка во кујната.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тогаш од пепелта на самотијата се зададе Давид, на мнозина им се стори малку подгрбавен и омлитавен, киниса средполе, однапред отпишан и прежален од сите, да му се истопори еден на еден на титанот, мечка страв мене не страв, нешто си мрмореше самиот на себе додека ја токмеше прачката, срдито си велеше доста тука се пееше прачка имам кураж немам, време е да има варено млеко за нашите деца, време е на пазарите да има и цреши без црви и со црешови семки да се запише дека тука нешто вистински постоело.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Мрзоволно се влечев по нив по малку навреден што не ме погледнуваат, застанував полека и гледајќи го широкиот грб на Баждара се губев во нејасни мисли.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Јасно беше дека таа каса е плод на генијален самоук но, сеедно, можеше да му донесе на Мануша непознати маки иако тој со години мрзоволно се влечкаше по зафрлени браварски работилници.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ана мрзоволно се упатува кон прозорецот и нејзиниот поглед потонува во темната длабочина на заспаните улици.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)