И така, во намисувања за деновите на пониженост и миговите на гордост заради тоа што се успеало да се опстане и да се пркоси на сѐ што било туѓо, немило и недраго, омразено и мрачно и што било судбина натурена со туѓа рака и волја, си тече животот во тесната котлинка меѓу коњушниците, подгниените бараки, трите казани, прашливото џаде, камионите што двапати на ден пренесуваат ранети и оздравеници, лелеците и тажалките, полудените, падавичарите и црневицата расплакана, болна од чемери и исчекување.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Беше мрачно и свежо затоа што ролетните беа спуштени. - Дома нема никој.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
„Љубезни мои!
Во Москва еднаш напишав
„Овде је мрачно и мрак ме ’обвива'
зашто наспрема ’чудесната пролет’
на нашата татковина,
како што рече брат ми Димитрија,
сѐ друго е во магли и во мразој.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Мразите да позирате. Пред објективот вперен во вас како пиштол имате сериозно, по малку мрачно и намуртено лице.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
„Вилијам!“ вресна таа. Поткровјето беше мрачно и тивко.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Ме зафати пријатна свежина.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Тишина... да речам - дури штама во станот... се слуша само рамномерното чукање на ѕидниот часовник.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)