мошне (прил.) - брзо (прил.)

Негативни искуства: алкохолот создава навика која мошне брзо се развива, што значи дека количеството потребно да се постигне саканиот ефект се зголемува.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Но на нејзините брегови на благите падинки на Родопите е сместен еден град во кој ритмот на животот се одвива мошне брзо.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Камилски не беше целосно задоволен од одговорот, ја продолжи својата мисла како можен предизвик за Татко: Врз осумвековната мистерија на исламскиот андалузиски период се надоврзуваат митските шест века на османската цивилизација.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски овие мисли ги сподели со Татко, кого го сметаше за покомпетентен од себе: Османската цивилизација мошне брзо ќе завладее во светот, но врз нови цивилизациски вредности, различни од андалузиската исламска цивилизација, пред сѐ мотивирана од военоосвојувачки цели. Но тоа е долга историја...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
25 (...) Но, Гете мошне брзо се истрезни од тој патриотски занес. Неговата отстапка на лиризмот на Volksgeist-от немаше долг век.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Иако мислевме дека оваа операција ќе оди мошне брзо, излезе токму спротивното – дека барањето работници кои се спремни отворено да проговорат за своите маки, барем во македонски прилики, е прилично комплицирана работа, главно поради присутниот страв на работниците „да не им се случи нешто“ во иднина, нив или на нивните најблиски!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Еве и јас барам врска – само треба да имам секс со илјадници мажи за да ја најдам баш врската што навистина ја сакам. ‌Сигурно, општествените и политичките услови на геј-живеењето во изминативе педесет години се менувале мошне брзо, а со нив се менувала и геј-културата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Идентификувањето на геј-мажите со славните глумици од класичните холивудски филмови на времето било понепосредно и поинтензивно, кога требало повеќе напор за да се постигне иронична дистанција од ликовите што ги глумеле.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Секој бара врска.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И така, не е некое посебно изненадување тоа што младичот кого го интервјуирал Џејмс вели дека бара врска.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Мошне брзо ќе сум вечен во вечниот ден. Со избистрени очи погледнувам кон исток.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Белиот лебед, покрај вообичаената свита со други бели машки лебеди и женски лебеди со кафеаво перје, но со помалку нагласена убавина, го следи норот, малечката црна птица, која мошне брзо и вешто се нурнува, останувајќи долго под вода.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Од неа мошне брзо ги научи турскиот јазик и тајните на градинарството кои, подоцна, во животот на семејството, ќе бидат од драгоцено значење за неговото опстојување во годините на големата немаштија во туѓина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)