мошне (прил.) - бавно (прил.)

Работеше сѐ што беше потребно - готвеше, переше, крпеше, го местеше креветот, го метеше подот, бришеше прав од плочата над каминот - секогаш мошне бавно и со чудно отсуство на секаков вишок од движење, како восочна кукла што се движи сама.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Меѓутоа, работата се одвивала мошне бавно, оти во самиот почеток на каналот се појавил еден тврд дел кој многу тешко се копал.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Во тој момент целата група почна длабоко, бавно ритмички да извикува „ Г-Б !... Г-Б !.... Г-Б ! - повторно и повторно мошне бавно, со долга пауза меѓу првото Г и второто Б - еден тежок мрморечки звук, некако чудно дивјачки, од чија заднина како да се слушаше тупкање со боси стапала и удирање на там-тамови.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)