мошне (прил.) - необичен (прид.)

И повторно, како нова измама или како исечок на сеопштите заблуди на светото и самиот кошмарен во многувековниот кошмар, од онаа страна на моите очи се одрази во негатив мракот, сега по боја мошне необичен, како да е згуснат од илјадници розови фламинга, слични на многуте јата видени на кенијските езера Накура или Најваса.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Во расказите, како и во романите, Џојс го опишува неговиот роден град Даблин од мошне необична перспектива: како непристрасен, невидлив и безличен наратор, а во исто време страсно, живописно и изнијансирано, со искосен, замрачен и меланхоличен поглед, свидетелски и дистанциран истовремено...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тоа што бев наумил да ѝ го кажам за завршениот ракопис ми остана в грло кога таа продолжи да ми зборува со мошне необичен глас. – Мајко, мајко мила, што ти се случило?
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Докторира на правните науки во 1906 година и со години работи како висок службеник во некои осигурителни компании.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Дури и пред да го земе, тој знаеше по мирисот дека тоа е мошне необична чоколада.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)