Само за миг, додека Милдред се устремува преку собата до телефонот, сенката што ја фрла некоја надворешна светлина низ венецијанерите од двокрилната застаклена врата од нејзината канцеларија прелетува, и тоа двапати, во тенки паралелни црти врз кривините на облото и во костум хармонично обружено сензуално тело на Џоан Крафорд и врз нејзиното вџашено, величествено, свесно, згрозено, но решително мирно лице.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Сето ова се случува во само една секунда од метражата на целиот филм.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Целата сликовна секвенција, иако е мошне кратка, ја исполнува силно, речовито кинематографско значење што значително ја засилува моќта што персоната на Џоан Крафорд ја има врз публиката и придонесува кон утврдувањето на особениот вид женственост што таа го отелотворува.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И едните и другите се мошне драматични.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но кое значење?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Играчот што прима додавање кога е во положба да постигне поен, застанатиот со палката пред кого е решавачко нафрлање, пејачот кој во миг на целосна сценска и слуховна изложеност зема здив пред да ја отпее долгоочекуваната висока нота: сите тие се своевидни акциски јунаци, кои треба да настапат под притисок, при висок ризик, видливо, јавно, во една неповторлива пригода, кога им се заканува лично понижување.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Културната организација на дејството во нашето општество им приредува на таквите изведувачи нешта што би можеле да се замислат како лирски мигови – мошне кратки, минливи мигови на пресудна напнатост, дел од секунда во кој сѐ неизвесно стои на тенка жица.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Токму во вакви пригоди се бара од играчите да се воздигнат, да ја покажат сета своја вештина и да ги магнетизираат гледачите со сјајни прикази на бистроумност, на подвижност, на техничка и тактичка умешност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Таков посебен закон беше сојузниот Закон за штрајк (1991), 35 усвоен од страна на Собранието на СФРЈ, а кој беше мошне краток – содржеше вкупно 21 член, и ниту еднаш не беше менуван или дополнуван.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
170 ЗАКОН ЗА МАТЕРИЈАЛНО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА НЕВРАБОТЕНИТЕ ЛИЦА ПОРАДИ ПРИВАТИЗАЦИЈАТА НА ПРЕТПРИЈАТИЈАТА СО ДОМИНАНТНА СОПСТВЕНОСТ НА ДРЖАВАТА ВО ПЕРИОДОТ ОД 2000 ДО 2004 ГОДИНА Овој мошне краток и ad hoc донесен закон, чие целосно име е невообичаено долго и гласи: Закон за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата во периодот од 2000 до 2004 година, а популарно наречен „Закон за стечајците“ (2008), 1 беше наменски донесен, по речиси едногодишно протестирање на дел од овие луѓе кои, всушност, беа и вистинските жртви на неуспешната транзиција. 2 Се работи за посебен закон (lex specialis) со којшто се доградува регулативата од општиот закон за оваа материја – а тоа е Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност (1997).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)