Во дворот полн со цвеќиња тој фрли само брз поглед, иако тие можеа одново да му кажат многу, но околу шадрванот во дворот, еден од најубавите што ги беше видел досега, се бркаа мали Турчиња во провиснати бечви кои постојано си го тргаа учкурот нагоре додека трчаа, та оваа слика ги надвладеа другите и мошне го успокои со ведри ветувања.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Китките од шарената узда му паѓаа над очи и мошне го нервираа, но знаеше што носи на себе, та не се осмелуваше да прави што сака Свиленото сеџаде светеше врз седлото, а златните пулејќи на уздата ласкаа на есенското сонце.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Болеста негова мошне го возбудуваше.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Сестрата што го послужуваше мошне го сакаше; тој секогаш í се обраќаше мошне усрдно, иако неа не í беше сосема јасно за што станува збор.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Но натаму започна таква катавасија, што јас не сочував сѐ во сеќавањето зашто многумина одеднаш се разбудија; се разбуди чиновникот од статските советници и веднаш со генералот започна за итниот проект на новата поткомисија во министерството - за работата и за веројатната, сврзана со поткомисијата прераспределба на должностите со што мошне и мошне го развесели генералот.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Но сепак, што е натаму.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Знам дека Хајдегер мошне го вознемируваше оваа идеја.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)