Сосе топчето, понекогаш и небото молчешкум се оддалечува од нас, а се помалубројни се оние кои уште се занесуваат дека сосе топчето, кога-тогаш, ќе одлетаат дури до дома, да си ја преповторат приказната за Силјан Штркот.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
- Трпение - спасение... Молчешкум се дозбореа.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Така излегов од водата, седнав на столчето и молчешкум се изложив на сонцето.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
- Оф, леле, не е на арно - офна мајка Јаглика, невеста Трајаница - Не е на арно, Ѕвездо мила, ама ќе чекаме да се искачат дедо и баба... - Двете гушнати молчешкум се загледаа прудолу.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)