Сите ранети што е можно во најкус рок да се префрлат отаде границата. Префрлувањето да почне веднаш.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Пишувањето е можно во тоа надоместување на таткото со привид на присуство.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Таткото е глас; пишувањето е негова презентација.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Во темната балканска ноќ, која се ритмуваше со шумот на брановите на Езерото, Татко ја продолжуваше потрагата по својата балканска Атлантида, која сигурно некогаш била напуштена и среќниот круг на животот бил завршен, а сега нејзиното повторно откривање беше можно во следењето на патот на јагулите.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)