можен (прил.) - поголем (прид.)

Петтата категорија им припаѓа на новопечените лешпери и богаташи, односно такозваната бизнис- шалабајзер елита кои се во директна спрега со овие од првата категорија, а нивната главна особина им е што е можно повеќе луѓе да излажат во текот на денот и секојдневно да напраат по некоја дубара за да дојдат до што е можно поголем профит за себе притоа уништувајќи сè што им стои на патот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Тој ја оттргна од себеси со што е можно поголема љубов и ја остави на милоста и на немилоста на Херкулина, која ѝ скокна од зад грб.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сите беа присутни, освен Марија која, не само што одби да го прими мажот ѝ, туку и не сакаше да го гледа од терасата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)