многупати (прил.) - сум (гл.)

Многупати сум бил сведок на челни луѓе (и на аспиранти за челна позиција) во театарот, како и на актери, режисери и други кои, благодарејќи на вроден недостаток, не можат да кажат кога жанрот е чист, а кога е меланж.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Така многупати сум ја гледал Велика моја да ја заметува печалката.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во животот сѐ уште не сум слушнал човек што ќе каже: „Леле луѓеее, да можевте да видите, поточно, да можевте да слушнете, каков аплауз сум упатил на актерите на сценскиот живот“, затоа, пак, многупати сум слушал како некои чинители на духовните добра се фалат токму со гласноста и времетраењето на аплаузот што им бил упатен.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Јас многупати сум го почувствувал тоа: радоста ме напушта и се наоколу црно ми изгледа – се согласи Еразмо.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)