многумина (прил.) - наш (прид.)

Можеби на мене и на многумина наши луѓе Изложбата за мебел не ќе ни оставеше никаква трага во сеќавањата ако, пред нејзиното затворање не се случеше нешто во што, по игра на случајот, станевме и ние актери.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- Спасувал од робија, без партиски налог, многумина наши. И рисјани и муслимани.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
ВО ПАРИЗ сретнав многумина наши луѓе - работници и други, кои овде дошле на печалба.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тоа е вистински реферат, рече, - еден ваков реферат би бил чест за многумина наши постари другари.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)