многу (прил.) - убаво (прил.)

Се случува, вели, понекогаш вишните двапати да цутат, и има нешто многу убаво во тоа цутење, но и многу жалосно.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Јузбашијата ги знаеше многу убаво, тргнувајќи од својот татко — бег во Солун и преку разните негови другари — бегови, спаии, кајмаками, кадии, м"_ртии, авалеџии, беглиџии, идеше до сите заптии и колџии и нивните пљачкашки дела.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Го познавам дворот и гумното ногу убаво и секаде каде треба оген клавање, јас ќе го клада.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тодор ја познаваше кулата многу убаво. И тој, и другите селани, често идеа кај чорбаџи Сивета по разни причини: На стриг сите идеа да му пострижат на неговите две илјади и триста овци, за да му го платат мамелето за позајмените педесет сто гроша кога дошол авалеџијата, да не ги тера врзани во Витолишта; за Божиќ или Велигден — да си купат чевли или опинчиња за децата; некој позајмил пари да си купи добитче; и се знае ли на сиромав зошто не му притребале пари?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Како бре, јузбаши ефенди, како немало причини за зулуми? — се изненади бимбашијата на ваквиот рапорт.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Многу убаво!“ рече Љупчо. „Му купивме книга - Колибата на чичо Том.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ќе ја пофалиш, Милке мајка ти и ќе ѝ речеш дека многу убаво црта.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Со мачнина го слушнав говорот што го одржа другарот од одборот на борците. Многу убаво зборуваше. Само пофални и големи зборови.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Помина долго време пред да ја посетам Клара.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Може ли да ја земам твојата перница?,“ праша. „Многу убаво се спие на неа.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Пуста убавина. Убавина која измачува. Знаеш , многу убаво и не е на убаво.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Многу убаво кажано - да се јаде машки, а да се зборува само тогаш кога не ќе може да се молчи.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
ФЕЗЛИЕВ: Не прекинувај ме, ти се молам. Јас многу убаво чув сѐ што му порача на Методи.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Ти многу убаво знаеш дека јас се плашам од секој друг пиштол, само не од твојов.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ЛУКОВ: Ти многу убаво знаеш како дојде до ликвидација на Кирил Ацев.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
- Што град Смедерево, многу убаво пееше Витомир, вели, ваздан затворено.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- И после, вели Огнен Ѓорго, ајде, јадете, не снобете се... Не е многу убаво, ама...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сочна, многу убаво мириса. Неодолива боја.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
За жал, немаше повеќе информации за содржината на филмот. Но, делуваше многу убаво.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
За една недела работа, тоа се 700 динари. Ќе можиме да си купиме нешто мноогу убо, Тинче! Ние шо си сакаме!
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Атмосферата беше исполнета со многу топлина и извесна блаженост. Сите се чувствуваа многу, многу убаво.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Влајко Лазев, Мало, Чолакот и Сребрин им советуваа на веачите да не брзаат, да остане мерењето за утре, за да можат ноќеска да спијат по некое и друго кило, ама Сулиман ага, и тој чивчија по занает со чифликот во Лагот, многу убаво ги знаеше сите марифети оти тој самиот им ги правеше на спаиите, па им даде зорт: довечера да биде мерено житото.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Аха! та и другачката, тој што дојде лани кај Сукала, и тој многу убаво играт.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А многу убаво и го тропаше тој ѓаволски барабан.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Никому ништо не плаќате! Тоа многу убаво го знам јас, па затоа и дојдов со беговите и сејмените да соберам што не сакате сами да донесете.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Многу убаво, - рече Шишман со насмевка раширена преку целото лице и незабележувајќи дека Србин веќе под станал од полакоменост и тој да проба.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Многу убаво ќе ми стои, нели? - Многу убаво!
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Ми даде едно рало опинци, шеќер и многу убаво ме пречека.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
И многу убаво си помина. ... а како таков сум тврдоглав и тоа ништо да не те чуди, бидејќи сите ние Прокопиеви сме изникнали од таков род.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Сѐ беше многу убаво нацртано во бои.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Уште првиот ден го слушнав писокот на локомотивата.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Тој знае по нешто многу убаво да нацрта, а Фигаро особено убаво го црта.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Многу убаво свиреше на уста.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Многу убаво ги правеше Даскалот буквите. На пример буквата „А“ му беше ископана и чека на една јајцевидна плоча.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Јас многу убаво пеев, гласот ми беше како ѕвонец и каде да работев, мојот глас се слушаше насекаде.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Во селото се правеа многу свадби и ме викаа да помагам, одев и кај роднини и кај јабанџии да им помагам, зашто многу убаво го месев лебот, посебно убаво месев мајалник – наутлија, тоа го научив од стрина ми Риска.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Калија везеше многу убаво. Попладне, откако ќе ги свршеше домашните работи, туку ќе се курдисаше на чардачето и, наведната врз ѓерѓевот сѐ додека беше виделина, го чекаше така Маркота од дуќан, кој секогаш ѝ носеше измирска алва во книџе.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Најпосле со својата сува, груба рака ја погали Билјана по косичката и ѝ рече: - Кога би имал внучка како тебе, многу убаво би ми било...
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Јас би сакал и понатаму да возиш возови. Тоа е многу убаво, - рече детето.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)