многу (прил.) - страшно (прил.)

Си мислеше маж а плаче, мора да е многу страшно!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Тогива ќе да затрубат от небо седм труби ангелскии, и от тие труби ќе да се потресат небо и земља многу страшно, и ќе да падне слнце и месец и ѕвезди, а небо ќе да се свие како перде, и сите води и море ќе да се изсушат, а земља ќе да се запали да гори со силниј огин.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Се случуваше нешто многу страшно, а тие сонливи, изненадени, не можеа да сфатат ни каде се ни што се случува.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Се немаше мир. Беше многу страшно!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)