многу (прил.) - помалку (прил.)

Бандата направи препад токму на полноќ, кога изморените сејмени, ги налегна дремка, та разбојниците иако беа бројно многу помалку од сејмените, успеаја да ги опљачкаат колите и да ги одведат сите дванаесет коњи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Многу помалку од половина во дружината имаа по две волиња, некои од нив немаа со што да ги заситат. Но не мислеа на тоа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Оние што му се покоруваа на челникот со лузна на лицето стоеја и чекаа немо крај спрегнатиот добиток во колилата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
За „лотосовиот цвет“, оној што го задои со првото мајчино млеко, знам многу помалку.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Најпрвин треба да се каже оти по македонското прашање нема никаква разлика помеѓу погледите на руското општество и народот, од една страна, и владата, од друга, а има само разлика во степенот на интересот за него: општеството и народот многу помалку се интересираат од владата што се гледа од помоштите за Македонците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Испитувајќи го начинот на којшто филозофијата се занимава со етиката, политиката, поимот на одговорност, не би рекол дека деконструкцијата се управува кон некое повисоко разбирање на одговорноста, поради причините на сопствената претпазливост, бидејќи исто така научивме да бидеме претпазливи во однос на вредностите какви што се височината и длабочината (altituda altusa), туку се движи поради потребата за којашто верувам дека многу помалку е подложна на одговори и одговорности.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)