многу (прил.) - подобро (прил.)

Многу подобро ќе биде да им се довериме на најзаинтересираните држави за нашите работи, особено на православна Русија, којашто ги знае убаво нашите потреби, а не да се надеваме на самите себе и на некои конференции.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Многу подобро отколку после дркање. Во секој случај една пријатна еустазија.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Тогаш Мајка ми пријде, го зеде учебникот по француски и започна да чита на убав, јасен француски јазик, многу, многу подобро од нашата наставничка по француски.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ете можело многу подобро отколку моја драга сега е во Јапонија и вежба џудо или така нешто.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Малку ѝ се поврати бојата и изгледаше многу подобро.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
4. Се чувствуваше многу подобро. Се пополнуваше и стануваше сѐ посилен секој ден, ако воопшто можеше да се зборува за денови.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Ох, нели е подобро од кварцните светилки?“ „Многу, многу подобро!“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)