многу (прил.) - важно (прил.)

Но не беше сега тоа многу важно. На Пискулиев повеќе му тежеше што со ова свое крштениче си зема уште една грижа на својата и инаку мачна глава.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ниту пак тоа му изгледаше многу важно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Па сепак, на луѓето од пред само две генерации тоа не би им изгледало многу важно, зашто тие не настојуваа да ја променат историјата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Дедо Ѓорѓи му рече на Кире: - Ова мора да е нешто многу важно, штом сите го случаат радиото, мора да кажува некоја важна вест.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Конечно, лесните дроги според сите оние кои имаат искуство со нив, а и според многу научници неоптоварени од лажниот морал на пуританизмот, ќе ви потврдат дека хашишот и марихуаната се далеку побезопасни, понетоксични и, што е многу важно, понеагресивни наркотици од алкохолот, кој е легален. Каков парадокс.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
На сите им е многу важно да се фалат пред другарчињата со тоа што работат татковците и мајките и какво училиште завршиле.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Да, на ѕидарот му е многу важно да биде ѕидар, како што на поетот му е важно да биде поет.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Разбирам, велам јас, риспект, почит, тоа е многу важно!
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Бев повреден до срж, бев гневен, оти во љубовта најмногу разжестува покажувањето несексуална моќ; веќе не ја слушав Луција, и само се сеќавам, како низ магла, дека таа говореше за некаков втор блок од програмата, по некакво оро, и дека финале, круна на приредбата ќе бил бабарскиот обред од нејзиното село кое ќе го изведувала таа со некоја одбрана дружина од тој крај; во тој обред таа го препознала самото битие на овој народ, а тоа било многу важно за зачувувањето на здравиот народен дух денес, особено кај помладите генерации.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Меѓу нив Арсо се чувствуваше обновен, полн со мисли и чувства што му ја враќаа вербата во нешто многу важно за него и за другите. Можеше да поразговара.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Истиот ден, некаде приквечер, дојде мајка ѝ: „Томе, сине, татко ти и јас имаме нешто многу важно со тебе да разговараме. Биди долу за половина час.“
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Но, тоа и не ѝ беше многу важно на младата девојка од богатото битолско семејство, која имаше доволно свои лични преокупации и проблеми.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Произведувачите нема да ги преплават пасивните гледачи со конечни производи. Тоа е многу важно.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Прашањето на национално самоопределување стана многу важно, поттикнувајќи ги САД да го истражат македонското прашање.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
- Имам нешто многу важно да ти кажам. - Кажи, - рече мајка ми.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Зоки почна да сфаќа нешто многу важно.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
А се случува и тоа родителот да нема пари за нешто многу важно да купи, да плати, а вие ако му побарате ќе ви ги даде, и на заем ќе земе, дете сте му, а вие ќе ги потрошите не водејќи сметка дека тие се попотребни за нешто друго, одошто за вашето одење в кино, одење во слаткарница, купување на некаква модерна кошула, маица и слично.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Херб Меим, кој седеше недалеку од нив, на својата работна маса, рече: „Тој сака да каже дека мозокот тогаш ја граби онаа просторна вселена која ќе се најде најблиску, која е најдофатлива.“
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
„Тоа е многу важно“, рече Вестербург со тон на искреност.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Дека панславизмот е едно смешно антиисториско движење И дека негова цел е подјармување на цивилизираниот Запад Од странот на варварскиот Исток и на градот од селската рамница Оттогаш наваму се разгрануваат разни врсти антисловенство Од кои некои предизвикуваат и војни со многу жртви И не е многу важно дали антисловенството е лево или десно Многу поважно е што историјата на антисловенството не е завршена
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Може вистина да е многу важно.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)