многу (прил.) - брзо (прил.)

Макар што Татко и Климент Камилски многу брзо се зближија најмногу благодарејќи на различните книги од нивните библиотеки, остануваше најпрвин да си ја кажат вистината за нивните дотогашни животи во духот на заедничката доверба која се зголемуваше од ден на ден.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Брегот на Бретања, старите замоци, најубавите специјализирани ресторани за палачинки, сонцето на Бретања, небото, звездите, прекрасната вила, моето второ семејство... Времето многу брзо помина.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Веќе беше доцна, и таа мораше многу брзо да појде дома.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
За Марија беше интересно што нејзиниот малечок Карл многу брзо се прилагоди на новите лица и на новиот начин на живот.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Затоа се вработила многу брзо откако матурирала во Машката гимназија, како што тогаш ја нарекувале гимназијата „Цветан Димов“.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Стравувањата за можните последици поради фатениот курир се покажале сосема неосновани.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Истата онаа заседа на која требало да наиде нашата бригада.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но многу брзо случајот се разјасни. Курирот наишол на заседа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Долу на огромните подиуми за игра се туркаат стотици - не, илјадници - млади мажи, дури момчиња, облечени во сјајни оклопни одела и со избричени глави.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тие скокаат горе-долу, многу брзо исфрлајќи ги нозете.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Едно друго тврдење на Пачев упатува кон наодот дека измислените настани и сликите за нив, а помеѓу нив и лажните соништа, исчезнувале многу брзо.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Пред излегување, како и секој пат, малку се поткараа зошто мајка ми бавно се подготвува, а татко ми многу брзо, па облечен ја чека кај лифтот и се нервира.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Сакаше да биде строг, ама очите му се смееја кога ѝ рече на мама: „Ти велам јас - син ти многу брзо расте...“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Но многу брзо сфатив дека и мислата напати е спремна да го поддржи она што ќе се искаже повеќе интуитивно одошто со активна размисла.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)