многу (прил.) - фин (прид.)

- Слушај, малиот е многу фино момче, јас го вежбам трипати неделно, жена му очекува дете, а тој работи за фирмата на татко му.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
„Можи ти кажа брат ти“, продолжи тој, „кај мене зборо си е збор, обавезно да ојш кај Шилото, ногу фин чоек е тој, и уште веднаш праќај го!“ и почна да си ги трие рацете, како да нарастуваше нешто големо внатре, во неговата душа, што само тој знаеше точно што е.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Актот за ова именување го чита еден многу фин чичко. Неговото име е Киро Глигоров.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Имав дечко со кого живеев во стан, ме запишаа на факултет кој го платија неговите родители само за да учиме заедно, така што беше на повидок да ме вработат на многу фина работа за која сонуваа повеќето битолчанки и со која плата ќе живеев убаво и ќе си го плаќав факултетот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)