многу (прил.) - сличен (прид.)

Но, за тоа ќе се извршат нови консултации, ќе се испитаат искуствата од многу слични проекти во широката социјалистичка заедница, од Езерово до далечниот Сибир.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Пред нејзините нозе забележав дел од килим, многу сличен на оној со кој дојдовме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Секогаш се трудеше во секоја од нив да го стави токму она, по што беше посегната таа, а многу често притоа знаеше да забележи дека всушност и тој има едни две сосема исти како оние раце, тоа беше добро видливо секогаш, кога ќе ги добереше до нивните раце што бараа, своите, што подаваа, а после мислеше дека е и тој еден многу сличен човек на сите овие луѓе, што му доаѓаа и со кои работеше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во тие моменти, кога почитуваниот се наоѓа на судбоносното распаќе, (во дошепнувања со анѓелите, или, не дај боже со демонот) ние, неговите блиски, и тоа не по наша вина, изговараме многу слични, или речиси исти реченици.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Змејко беше готов да излезе и да го земе утепаниот волк од под прозорецот, но уште веднаш, штом помисли на тоа, го виде како од зад првата сенка се подава и како почнува да лази кон неговата стреа прво еден друг, а само по еден миг шумата ја напуштаа ползешкум и се насочија право кон неговиот прозорец барем уште десетина такви долгнавести прилики со шилести муцки, безгласни и со подвиткани нозе под себе, многу слични на штуки, кога ќе се гледаат озгора во мочуриштата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Оттогаш секоја вечер се враќаа заедно во своите прашливи собички, разговарајќи за фудбалските натпревари и за многу слични работи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Времето протркала многу слични постапки и во помнењето на Фимка тие останаа не само како засушена лузна, ами и како неизлечив лишај.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Мислите му беа жолти и лепливи, се кончеа скришум и ползешкум, многу слични на една трева, што ја викаат самовилска коса и што расте по најзаглушните места и најниските присои, едни сосема лесни, тивки, шупливи мисли, токму како таа несигурно поникната тревка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)