Неговото име сега се запиша врз портата од северната страна, џамијата што народот сега ја викаше „шарена”, по негова наредба доби уште многу разнобојни плочки дури и на турбето, па и голема дрвена врата на западната страна, целата искитена со источнички шари.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Еден од нив, аптекар во куси пиџами со многу разнобојни риги, се сети чувствувајќи дека гласот морничаво му пробива низ сета негова кожа: „Како в штала“ , па по него се сеќаваа и двајцата скарани: „Коњ! `Рзнува во број 8. Кај оној со избричено теме.“
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Таков е за жал животот. Ти мавта пред очите со толку многу разнобојни крпчиња! За кое ќе се определиш?
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)