многу (прил.) - поголем (прид.)

Југославија, за побједу и слободу 1941-1945, Београд 1985, 67. 42 Според него само вооружената интервенција, многу поголема од онаа што ја презеле Германците можела да ги победи партизаните.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Сега ќе се одделуваат многу поголеми количества домати и друг зеленчук за извоз и за домашна консумација, зашто порано во Бугарија со оранжериско производство биле опфатени само околу 400 декари земја.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Оваа желба раскрива сега за трубачот многу поголемо и позначајно отколку што е простата едноставна вистина на професијата: задоволи го гостинот...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тоа лето Рада доби многу поголема слобода. Одличниот успех ѝ овозможи без проблем да се запише на Вишата педагошка школа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
За способноста да се изврши самоубиство, подвижната слика на лустерот одамна ми остави неприкосновена негативна аргументација. Меѓутоа, способноста да се убие ветуваше многу поголема надеж.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Да беше жив сега ќе имав внуци многу поголеми од тебе, - заврши таа со рапав и снемоштен глас и седна на работ од креветот.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Но нѐ чудеше кога тој ќе одмавнеше со рака и сосем млако ќе речеше дека овие биле сосем мали возови, наречувајќи ги желчиња и чајничиња, зашто по другите градови имало уште многу, многу поголеми возови, кои тој на млади години ги терал...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Стимулацијата е многу поголема отколку кај морфиумот.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Маргина и во иднина ќе настојува да обрнува внимание на некои ретки понеобични нешта во нашиот медиски простор, и плус ќе настојува прво да се воспостави соработка меѓу тие пар слабички и по многу нешта инфериорни „независни“ медији, а потоа таа соработка да се одвива во насока на многу поголем префесионализам, на многу поголема одговорност за изречените нешта.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Аурата на човекот може да биде многу поголема. Духовно побогатите луѓе, се помоќни: затоа можат да владеат и со многу народ.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
„Дома“ секогаш доаѓав навечер, зашто дење, веројатноста да ме откријат беше многу поголема.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)