многу (прил.) - повисок (прид.)

Црниот пазар зема сѐ поголем замав; дрогата од Лондон се шверцува во останатите земји и се препродава по многу повисоки цени , се разбира таму каде што е нелегална.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
„Колку заработувате во Ренитрон?“ Му кажав колкава ми е платата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но осеќам дека е многу повисок од мене и сета ме има поклопено.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Не се плаши, моме мило - не ги криј очите - колку и да сум огон - ѕвездата е многу повисоко над мене - не може да ја достигнам...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Но, идентитетот мора да се воспостави на многу повисоко ниво, зашто човекот не е роден да живее сам!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Секој третиран збор стануваше универзитет на двајцата балкански ерудити автодидакти, најдени на маргините на општеството, во кое според нивните заслуги требаше да имаат многу, многу повисоки позиции.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но, таа ќе биде многу повисока“. „Четиристотини метри?“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во една таква ситуација на лингво-историско прогледување и освестување, еден од нашите балкански лингвистички Дон Кихоти ќе крикне: Пријателу мил, си ставивме трн во здрава нога!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)