многу (прил.) - краток (прид.)

Во меморандумот изготвен од Морган на 2 февруари 1943 година се нагласувало дека при изведувањето на акциите предност требало да му се даде на рудникот за хром Алатини бидејќи таа акција можела да се реализира за многу кратко време.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Тој ми одговори дека, за жал, не може многу да ми каже за она за што се интересирам, освен дека располага со една многу кратка дописка објавена во „Цариградски весник“ од 12 март 1861, во која меѓу донаторите за читалиштето во Ресна стои и името на Никола Поцо.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сериозна е само среќата, што се вели, оти е многу кратка и ретка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Му одговорив потврдно. Знаев дека го одбра вистинскиот начин да ми го привлече вниманието и сето тоа ми го чукна умот, во еден многу краток момент.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Воопшто не беше лесно да се трча низ угорница, низ густите гранки, да го види бикот, освен тоа што можеше да го наслуша неговото рикање, во не многу кратката далечина; Останатата контрола над бикот, беше, скоро невозможна.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Значи, пижами во спална се строго забранети и позади таа врата е дозволена само ноќница, и тоа кратка, многу кратка.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Но тоа беше еден навистина многу краток момент!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)