многу (прил.) - густ (прид.)

3. немир Но веднаш доаѓа нешто што личи на превез од плач оти е многу густа поплавата од изневерени спомени па долго треба да рониш додека се уловиш себеси – шкољко од премногу лажни и премногу ретки бисери Оти е голем тој град со огромни риби од улици што безредно пловат по немирното езеро од сонце во кое лесно би можел и безразложно да се изгубиш
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Оти ноќе, старите полицајци (така ги викам) иако дедо ми се лути и вели дека е поправнилно да ги нарекувам Удбаши, според името УДБА што е кратенка за некогашната Управа на државна безбедност каде што работеле по војната), раскажува необични случки, потсетувајќи се на своите млади години, разгледуваат стари фотографии на кои дедо ми беше облечен во кожен мантил, имаше многу густи и црни мустаќи и изгледаше необично строго.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Обидот на Ламби да воспостави радиоконтакт со Бари завршил безуспешно бидејќи опремата можела да се употреби само неколку минути без движење и бидејќи се наоѓале во област со многу густа шума.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)