многу (прил.) - тешкотија (имн.)

„Сум видел многу тешкотии...“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Секретарот мигум молкна за да го види ефектот од своите зборови, па охрабрен од молчењето, продолжи: – Ние со многу тешкотии најдовме куќи за вас. Подигнавме бараки.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Меѓутоа, критичарите на Арчимболди кои со многу тешкотии успеаја да ги пронајдат сите негови дела не можат да се согласат околу судот за намерите на Арчимболди.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Тие имаат многу грижи, многу тешкотии, тие имаат многу задачи што треба да ги исполнат, па затоа исполнувањето на некоја ваша желба може и да причека.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)