многу (прил.) - проблем (имн.)

Сметките покажуваат дека е добро преку летото да се ослободи „животниот станбен простор“, зашто од приходите на туристите ќе можат да се решат многу проблеми во домашниот буџет.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
На крајот ќе заклучи дека планот за независна Македонија, која би можела да се формира по војната, “може да предизвика многу проблеми меѓу Грција и Југославија и Тито.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
По ова Љ. Н. не се обрати до Трудовата инспекција затоа што немаше доверба во овој орган и за кој, како што вели, „знае за многу проблеми, а буквално ништо не презема“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Љ Н, како оштетено лице, повеќе пати се обидуваше да стапи во контакт со одделението за сметководство, меѓутоа од ова одделение свесно одбиваа да му ја кажат точната сума пари која му ја должат, како и други општи информации во врска со неисплатените плати и придонеси – кои, во нормални услови, требаше да бидат транспарентни и лесно достапни.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Промената на работно место, а посебно промената на градот отвори многу проблеми за Марковски: тоа значеше обезбедување место за престој, средства за пат – а тие трошоци беа повеќе од платата која тој ја примаше.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во еден момент, директорот на фирмата го прераспределува на друго работно место во општина Кавадарци.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)