многу (прил.) - поединост (имн.)

Во изработката на насловената тема, како главни извори ни послужија службените документи што во моментов се достапни во Паблик рикорд офис (Public Record Office), а кои откриваат многу поединости во поглед на британскиот став спрема Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Освен што Нико пишува многу поединости, покрај другото и во врска со случајот на стариот со паштерката во Цариград кога вели ’Тој ги посрамотил сите наши чесни домаќини’, па и она што е познато во врска со неговата Ерменка и односите со неговата законита жена во Маказар, тој во новиве страници што ги најдов спомнува дека Никола, по убиството, бил фрлен скраја во гробиштата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Имаше многу поединости кои не можеа да се најдат во многуте написи и книги за Мајка Тереза кои, тие години, не престануваа да се множат во светот. ѝ ја дополнував на Мајка историјата за оваа храбра и единствена жена во светот, каде што запираше нејзиното сеќавање, дополнувано од маалската легенда.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)