многу (прил.) - книга (имн.)

Роман што може да се напише дури откако низ рацете ќе поминат многу книги, низ душата многу премрежија, а низ срцето на детето многу сцени кои од него прават дете што се сеќава.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски почувствува дека разговорот оди видливо на негов терен, на подрачјето на кое се чувствуваше најинформиран, а беше во дослух со генезата на балканското јаничарство, па се надоврза на размислите на Татко: За да се ослободиме од духот на јаничаризмот на Балканот и за да ги спасиме идните генерации, посебно нашите деца, ние треба да ја разбереме неговата генеза, но затоа ќе ни бидат потребни многу време, многу книги.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во овој најнов роман, Старова, кој веќе е познат како мајстор на прозната реч, се решава на една експериментална наративна постапка: со минимум дејства во наративната арматура, да ни состави романескен мозаик за нашиот балкански вавилонски синдром.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Еден од куферите падна од чезата, широко се отвори и од него испаднаа книги, многу книги. Некои од присутните се уплашија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сѐ што правеше во животот сакаше да биде перфектно, па и кога се подготвуваше за специјализација консултираше многу книги, читаше на Интернет за разни болести.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Софијанка Маркоска Имам прочитано многу, многу книги. Омилени писатели, одреден жанр.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Тоа беше книгата што ме доведе на патот за безбројни средби со многу и многу книги.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
„А уката, Филозофе? Каде ти е уката? Човек учен како тебе мора да има многу книги.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Писателот во себе нема толку многу книги.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Денес има многу книги, достапни им се на сите, па има и многу повеќе читачи одошто во моето детство.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Имате многу книги во вашето училиште, имате и дома и кај ваши другари.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Имаше многу книги во неговата библиотека посветени на редот на јаничарите на кои се должеше подемот и падот на Отоманската империја.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Кој видел аир од книги на Балканот, и тоа од толку многу книги?!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Стравуваше, еден ден, тој да не споулави од толку читање и заборавање на вистинскиот живот, да не му се случи како на едно друго дете од соседството кое, заминато во младоста во туѓина, во Романија и во Австрија, се врати со многу книги, а заврши зборувајќи си, со денови, самиот со себе чекорејќи брзо крај Езерото и служејќи им за потсмев на суријата деца.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И жена му, во чеизот, имаше ковчеже со книги. Немаше многу книги.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)