До нив допираше нејасна врева од многу гласови, песна и тврди удари по камениста земја.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Многуте гласови идат некаде од под авлијата и како да истечуваат натаму.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Ако ви се случило некогаш да сте избегале од дома и првата ноќ да ве затече сред опустени бавчи, каде што шумот на ветерот ви се причинува како сподавен викот од многу гласови, ќе разберете зашто на Мечета – така се викаше тој – сега му тупка срцето како на врапче затворено в клетка.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)