многу (прил.) - вид (имн.)

Зелена и лете и зиме, тука виреат многу видови растенија. Зиме се одгледуваат со топлите води од бањите.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тие не само што не се во состојба да произведат позитивни мисли во себе, туку, обратно од тоа: во себе раѓаат ( и им дозволуваат да се размножуваат) многу видови невидливи честици со негативна енергија.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Требаше да се запознаеме со многу видови оружје, кое требаше да им се продава на нашите блиски неврзани земји за скапи пари.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Почнувате да го разбирате вербалниот излив полн со страдање, буквално, физичкото ползење, напнатоста на мускулите, очајот, анксиозноста и стравот кој се доживува во бескрајно многу видови, и можете да ја согледате врската меѓу овие реакции и различните средински ситуации, од кои некои се во доменот на архитектонското.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)