многу (прил.) - ти (зам.)

Чекај, уште не е доцна, може и тоа да биде. Не брзај, тебе многу ти се брза насекаде, — му одговори осорно Борис.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Многу ти благодарам! Да си жив и голем да пораснеш!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
„Нешо си ми нервозна“, „Много ти љубоморат“, „Пуно имаш душмана„, „У никога да немаш поверење,“ се едни од главните фрази на оваа наша легендарна македонско босанска пророчица која на крај увек ќе ви дае воља за живот со нејзината фраза дека „Среча ти стои“.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
- Ах сестричке, - воздивна таа. Многу ти завидувам.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Многу ти благодарам”, рече девојката.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Сонцето многу ти е влезено в облаци, вели Филип Хаџиевски.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Толку многу ти треба?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ти благодарам за ова, Нероден Петко. Многу, многу ти благодарам.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
И, да не должам многу, добри мои, уште неколкупати се повторило тоа: „Ама ако не беше мојата наметка, ќе накиснеше до кожа...“ и „Многу ти благодарам...“ па на човекот што си немал своја наметка најпосле му прекиснало, му прелило што се вели, па се симнал од коњот и сосе алишта се фрлил во реката.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
- Многу ти благодарам. Навистина ќе накиснев...
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
- Е многу ти благодариме, браче Огнене, му велам јас, и за јадењето и за умните зборови.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)