Проштевај, не те познав! Многу си се изменил, си се испрашил...
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
- Многу си вредна, ама малечка си и треба повеќе да јадеш, - ѝ рече чичкото, гледајќи ја со топла насмевка.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
— Многу си умен, вели еден од војниците, ти фали само дупка на челото.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
— Е, многу си бесна, мори Бесно, треба на бесен пес срцето да му го изедеш...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Многу си нервозен. Што ми објаснуваш мене? Пиши во Белград, разјасни се.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
- Многу си удрен? Ме прожица во дебелото месо.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Значи, право на линијата. Држи се. Таму ќе се најдеме.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Ќе те научам на памет, да знаеш! Многу си се разгалила.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
- Навистина те познавам – ѝ велам – но многу си далеку.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- Овде сум - вели таа – овде сум, но колку што се сеќавам ме немаш предупредено дека напати практикуваш да се прикажуваш и сосема откачен.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
„Толку многу си среќна,“ ми рече Рајнер кога ме виде.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Толку би сакал да можам да ти се придружам во среќата, но мојот очај е посилен од мојата желба.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
-Тоа изгледа како суштина на животот – потврди Еразмо. -Многу си блиску до тоа.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Нели се плашев - да не би да не успеам и поради тоа Љупчо да ми се смее... ајде, мајкин, нејсе, сѐ добро заврши.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
ЈАС сосем случајно се извлеков да не направам пакост со овие раце, што сега ја крепат оваа глава да не падне - да не се стркала како тиква... тиква тиквосана, секој може да ја повела како му се сака...
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
„Многу си ми молчалив вечерва.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Тоа ти го барам, а потем, ќе ти го дадам целиот свој живот. – Многу си лековерен – му рече учителот. – Не ми е потребна лековерноста; ја барам вербата.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Да не мислиш дека првиот Адам во Рајот можел да уништи еден единствен цвет или страк трева? – Не сме во Рајот – се заинаети момчакот. – Овде, под месечинава, сè е смртно.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
- Многу си вредна, ама малечка си и треба повеќе да јадеш, - ѝ рече чичкото, гледајќи ја со топла насмевка.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
- Многу си плитко посаден, вели Мисајле Ковачот, затоа сѐ ти се ниша.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)