многу (прил.) - знае (гл.)

Почитувачите на неговото дело, во изјавите после напуштањето на светот на живите, ќе наведат: „Момо Капор навистина многу знаеше.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
- Како не, многу знаеш ти, што зборуваш глупости!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Го шмукав јазичето со мирис на ркулец заглезден во влажна почва и со киселкаст вкус на штотуку зазреана мушмула, чувствувајќи ги на образите усните со кои на горниот и долниот дел во една колку вистинска толку замислена точка, се спојуваа нозете на Ема, и тогаш ми се чинеше дека тие усни, кои никогаш не кажале ништо, ниту ќе кажат некогаш нешто, а толку многу знаат да кажат, и толку многу сакаш да ги чуеш барем еднаш да проговорат, без оглед дали ќе те фалат или ќе те кудат, ме подземаа со слузта што благо ме облеваше внесувајќи ме навнатре со сѐ позабележливото поткревање на телото што лежеше под мене, со можеби инстинктивното поткревање нагоре, и повторното спуштање, во ритам што беше дел од нашата игра, од нашиот живот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Дури и брчките на ковчестото чело му се измазнија. „Сакаш ли ти да се биеш?“ праша момчето; како да говореше од стомак, не мрдаше со усните. „Ајде, стани и излези кога толку многу знаеш.“ И лицата на браќата беа светечки изменети.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Не сум Исус и, сепак, многу знам.“ „На врбова гранка?“ се расони едниот од нив; се гледаа зачудено.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Од сѐ што кажа уште при првата средба, добив впечаток дека многу знае, и тоа најмногу за настани и личности од нашето подрачје.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Јас многу знам за алкохолот, за неговото продавање и за неговото пиење.“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Што не ме остават на мира и што не си ја гледаат својата работа?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Многу знаат тие кога ми е време, а кога не!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Фантазијата е фина работа. Меѓутоа, некогаш толку многу знае да нѐ опседне, што забораваме како е да живееме во реалниот свет.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Многу знаеш, Спиро. А со Мечкојадовава кола ... А?“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Некој негде двапати повтори дека е време да се поаѓа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пријатно сме изненадени! За ваша возраст многу знаете - но секојдневно добиваме нови информации.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Многу знаеш од таа работа“, му вели Куртиш ефендија на Петруш војвода.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Кога зборуваше, зборовите му беа толку интересни, толку многу проткаени со вистинска страст, остроумни, промислени, страшно духовити, поразителни за противниците, вдахновени за пријателите, премногу добро умееше да зборува за сѐ што воопшто би можеле да помислите дека ќе...! А тој сепак ќе го стореше тоа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Стрико ми Ото многу знаеше: немаше област за која не беше добро поткован: социологија, литература, музика, архитектура, за сѐ: и навистина: знаеше сѐ и сешто.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)