мирно (прил.) - си (зам.)

Кога животот им дава пчели, тие мирно си мацаат во медот.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Некако неусетно во него се зароди една мисла дека сепак тој не без кривица, не на права бога, беше забран и биен, дека власта не е толку глупа да гледа во него само проста овчичка што мирно си пасе, ами може да му поднаѕре и во душата, да сети оти во него се крие нешто подозрително и дури опасно за неа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Дури потоа тие мирно си отишле сами, без никој да ги гони.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Тој мирно си лежеше во креветот слушајќи си го срцето како му чука и како спиралата на пружината на креветот вибрира како одговор на неговото срце.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Мирно си проговорија и се договорија Најдо да оди кај Ратка механичарот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Што се однесува до индуктивниот поглед врз светот на разнообразните нешта, кој татко ми, како што реков, ми го всади порано и подобро од сите професори – него го користам често, некогаш и не сакајќи - на пример, кога минувам по улици и ...уште една згазена мачка од синоќа – малолетните камиказе возачи станаа сообраќаен терор – нормално кога улиците се претесни – урбанистите пред десетина години не мислеа дека градот сосе сообраќајот толку ќе нарасне – метро?, но подземјето на градот е преполно со цевки и жици...итн. или...во центарот на градот, во паркчето меѓу градските кули, додека мирно си седам на клупата, нешто остро ме пецнува по левата нога – од некој кат, од некоја од околните висококатници, некое дете пукало со воздушна пушка во мене – децата некогаш гаѓаа врапчиња, а сега луѓе – нормално, сѐ подоцна легнуваат, сѐ подолго го преспиваат денот, а кога ќе се разбудат, се нервозни и лути – а што ако наместо во нога ме погодеа во око, кој ќе ми помогнеше? – зошто ниедна влада во оваа држава не го регулира ноќе времето до кога малолетниците можат да останат во кафулиња – итн...итн...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Небаре сакаа да се утешат со реката што мирно си течеше, како и пред векови, како и по векови.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Повидните Турци се беа прибрале по сараите поради зимата, ајдуците и разните бунтаџии сигурно сега мирно си седеа покрај некој качамак и покрај некое огниште, та и тоа беше преубаво.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
КРКАЧ - Хорор пр.: Еден крмнак мирно си кркал кори од лубеници, додека него самиот го кркале крлежи, што и не е најважно. Во еден момент кројачот Дејви Крокет му дошол на крмнакот и му го кркнал ножот. Свињата почнала да кркори, и толку.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
РАСКИНЕ - „Ти раскинувам!“, му рекла госпожа Сара на господин Рацин, додека овој мирно си читал некоја драма од Расин. „Раскол, значи?“, рекол Рацин, џиткајќи го Расин. „Расклатена сум...“, рекла емотивната Сара. „Раскомоти се, Сара, дојди да те раскопчам!“, рекол Рацин. „Срцето ми е раскрвавено...“, рекла Сара. „Раскрсти, драга моја, со оваа расквасеност и раскрили ги портите на својата раскош! “, рекол поетски Рацин. Така Рацин успеал да ја расколеба Сара.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Децата мирно си чрчореа во ќошот, Дончо не се обидуваше да ја надитрува Пела и тоа не заради присуството на Мурџо кој едното око не го отргнуваше од него, туку од нешто непознато што му трепереше во градната коруба.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Мачката сето тоа време мирно си седеше врз долапчето и посматраше.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)