мил (прил.) - дете (имн.)

Да бидеш сам, сосема сам, мило дете, мало човече, да се скриеш во некоја темна, длабока пештера, настрана од сите, од секој човек.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Татко му го прашал: - Чие си, бре мило дете?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Подоцна се дозна дека Едо не сакал да оди на училиште затоа што учителката, веројатно бидејќи така мило дете или кој знае што, го ставила да седи во иста клупа со некое девојче.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Дошле сестри £, и царот многу 'и стегнал да кажат како напраија, арно туку од пусти страв да не 'и загубит царот, не кажуале правината, ами криеле.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Откога чу татко му тие зборои, рипна и го грабна, та го целива и го измилуа и целивајќим и плачејќим, заповеда брго да ја изваат царицата од темните зандани.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Мила моја снао, од кај го познаваш твоето мило дете - и рекол свекор е - што го прегрна веднаш и за чедо го стори?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)