меѓусебно (прил.) - се (зам.)

Во Шведска не постои голем број сиромашни малолетници кои меѓусебно се убиваат на илегалниот пазар на дрога затоа што во Шведска воопшто и не постои голем број на сиромашни малолетници.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Селаните од Горно Долно маало на с. Ошево меѓусебно се степале, се закрвавиле, уште крв што не паднало.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Порнографијата во продукција на Фалкон стјудиос во 1970-тите го даваше визуелниот соодветник: промовираше модел на геј- секс како благотворна, опуштена машка размена помеѓу другари соиграчи што меѓусебно се почитуваат, а на пленетите гледачи им нудеше танталски проѕирки кон некакво геј- другарство што истовремено е и сексуално и братско, инклузивно и нежно, мажествено, но без осуди, на сечија радост лишено од улоги, хиерархија и сексуална различност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Да не рекла свеска ми нешто навредливо за мене! Или пак нешто меѓусебно се кажват?
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Примерот на Шведска не значи дека криминализацијата не создава проблеми, туку дека поголемиот број од тие проблеми - како и проблемите кои произлегуваат од легализацијата - зависат од општествениот контекст.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Да се знае и да не се знае, да бидеш свесен за целата вистина и да кажуваш внимателно исконструирани лаги, да имаш истовремено две мислења кои меѓусебно се исклучуваат, да знаеш дека се контрадикторни и да веруваш и во двете; да употребуваш логика против логиката; да ја отфрлаш моралноста и истовремено да полагаш право на неа, да веруваш дека демократијата е невозможна и дека Партијата е чувар на демократијата; да заборавиш сѐ што е потребно да се заборави, потоа сето тоа повторно да го вратиш назад во сеќавањето кога е потребно, а потоа брзо повторно да го заборавиш: и над сѐ, да го примениш истиот процес над самиот процес.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во таа смисла, тие меѓусебно се дефинираат“, и „се сомневам дека некоја личност може да го знае значењето на само еден од овој биполарен пар а да не го знае значењето на другиот“.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Еве сите така прават: Меѓусебно се лижат.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)