малку (прил.) - потаму (прил.)

Готвачот, малку потаму од заробениците, распали оган во огништето, го крена тенџерето, го однесе некаде зад шаторот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Целото душеме послано со четворни мазни плочи, тука, пред олтарот се креваше за две скали и малку потаму почнуваше иконостасот.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Кога Едо му се приближи, кучето стана и влечкајќи се, помина крај него и, кога авторот се сврте, го виде како легнува малу потаму, помеѓу две грмушки во дворот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И додека баш пластично раскажуваа како ќе си поигруваат со мене, а бидејќи тие важат во нивната Лозница за мажи на глас, што сами си го раскажуваа меѓу себе, а не го слушнав од нивните женички, кои исто како мене лежеа под дебела сенка малку потаму, јас се потрудив да им биде уште поубаво и поинспиративно.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Малку потаму, на издигнатите падинки и од левата и од десната страна, стојат две куќи.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Покрај него, на миндерот, стоеше разотворена книга со стихови, а малку потаму, скоро поттурнати, еден арапски ут и една тамбура.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Лежам така, си ги заделувам мислите, ама кај се спиело кога умот ти е малку потаму.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Жените ги носат пакетите, а малку потаму ги чекаат криминалките и им ја земаат вотката и чајот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
За она што не ќе можеме да платиме, ќе работиме. Качари сме, колари, казанџии.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Лесново... Тоа село е на крај свет. И малку потаму. Предалеку и за штрковите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Малку потаму, во зеленото паркче, во свое време била поставена чешма.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Брзо излази до татка си, којшто малку потаму, исто така вчудоневидено беше загледан кон огништето.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
А кладенчето беше малку потаму, речиси до она место каде што почнуваше орманот.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Малку потаму, на издигнатите падинки и од левата и од десната страна, стојат две куќи.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
А малку потаму, на едно друго полјанче, растеа две брези.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
А малку потаму: волци и други лиоти, се подкрадуваат и ти ја душкаат миризбата, здивот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)