малку (прил.) - како (прил.)

Подоцна во ноќта Лит и Беренц, покрај чаша вино што ја испиваа во канцеларијата на командантот, се исчудуваа од каде на ова копно заборавено од модерната цивилизација, каде што луѓето живеат едноставен живот близок до природата, без малку како желките од ендемскиот вид царетта -царетта, постои, ете, и човек што толку добро говори германски и толку вдахновено говори за теми од музиката, философијата и теологијата, со стил од салоните на Хајделберг, а не од скромна митрополитска резиденција на еден речиси заборавен јонски остров.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Дома беше тивка и малку како збунета, но подоцна додека работеше беше брза, ефективна, даваше многу свои идеи кои како некое чудо од некаде извираа.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
- Како ти се ќерките? - го праша. - Добри се, сполај ти, - рече Коте малку како да е навреден.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ја колвам по малку како што други се вакцинираат...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Жените зад грб му се потсмеваа: - Женско петле. Малку како нетокму е.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Малку како зачудена застана кога ме виде дека лежам. - А ти, суртуку? Една педа и веќе апаш!
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Затоа по мала пауза молкома ја сменија темата со онаа која се однесуваше на напатствијата што Беренц неодамна ги доби од Берлин и кои, како што веќе е речено, чекаа на брза реализација.  Тие денови од крајот на 1943 година, пушејќи покрај прозорецот, Беренц во својата канцеларија го чекаше градоначалникот Карер.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Малку како да се одали од умот човекот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)