По гласот Мече позна дека тој е или негов врсник или малку постар од него.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Работи кои губат на значење, со тек на време дали твоите планирале да се родиш; што си имал географија во петто; дали некој е малку постар или малку помлад од тебе; кај си го загубил црното зимско капче; од која страна на креветот спиеш; каде си бил на летовање 1976; породилните болки; кому си му ја позајмил „Бесмртност“ од Кундера откако повторно си ја купил; ланскиот снег; сè што си заборавил, затоа што сигурно имало зошто; прашањето што би било кога би било и, повторно, дали сево ова има некаква смисла?
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)