малку (прил.) - изненаден (прид.)

„Зошто го сториле тоа?“ праша Винстон, по малку изненаден.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Зачудо, очите ѝ се насмевнаа, ни малку изненадени, додека ја сослушува мојата неповрзана приказна, па охрабрени, дрско ѝ велам дека снимката развиена во чудесната лабораторија на Мен Реј е само миговен отпечаток на мистеријата што, вон пролетта и зимата, постои отсекогаш.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
- Низ пубертет минуваат сите човечки суштества, - ми објасни тој, по малку изненаден од предметот на моето интересирање.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Останав малку изненаден од внатрешниот изглед на старата црква „Сен Венсан де Пол“ која се наоѓа на улицата „Жан Жорес“, во предградието на Париз, некаде на пристапите на „Клиши“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Очињец и Федина беа малку изненадени кога претходниот ден наутро ги повика полковникот Кавињски и им нареди да подготват неколку стотици ќебиња, пијалаци во канти за млеко и многу канчиња.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)