малку (прил.) - радост (имн.)

Новата грижа внесува и малку радост во нејзиното скршено срце, најпосле подобро ќе биде да води разговори со Костадин отколку со Танаско.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Фодулчето не е многу восхитен, како да не му се верува дека е излекувана, ама на неговото лице забележувам и малку радост што најпосле мајката може да гледа како ѝ расте ќеркичката.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Така ја отвори насмевката во темното лице, а се надева, внесе и малку радост во нејзиното срце.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)