малку (прил.) - живот (имн.)

Плач, јад, и солзи во неповрат препратете, пролетта во виор претворете ја, за малку живот оковите скршете ги на депресијата која младоста во вас ја убива.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
- Малкуте живот што му остана - истече заедно со крвта што клокотеше во неговите гради и со недоречената мисла. Имаше широка пробојна рана.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ајде другари, внесете малку живот во тоа! Еден, два, три, четири! Еден, два, три, четири!..“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ги препознавав кај овие луѓе сличните генетски облици, макар што кај постарите уште малку живот беше останало во нив, со кожа најчесто силно припиена за коскените облици на лицето.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Татко му младоста ми ја испи, сега синот ќе го досрка и она малце живот што останало во мене...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Ама, никогаш и малкуте живот не ти се дава.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И маршалот Тито, во последните години од животот, во едно исповедно интервју, поставувајќи си го отворено прашање дали ќе живее во историјата, ќе рече дека е свесен дека малку животи загрозил за да спаси многу повеќе.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Лукавец, Итрец, Луцифер Серафим, Караѓоз, Ќориот, Куциот Грбавиот Јуда умна преумна надеж неумерена (а смертта е без мера безмерен семир!) Сило црна нечиста, нечестива волкодлака во туѓи светилишта падена меркана, дебнета грдосијо те тука си, те не си мис-миризлива, жуборлива етерична сфера малку отров за малку живот Сѐ само простодушност не не понизност, не!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Или на оној што го заклаа овдека. Јон ми кажа како го сечеле и пак му оставале малку живот. За да се мачи, за да го боли.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)