малку (прил.) - му (зам.)

Малку му е шо ќе му дада жена, па требало и постели и завивки, дури пак и шарени черги.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Од тоа малце му се излесни но пак не смееше да се издиши.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Срната пак потскокна на место, само уште малку му потпобегна.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Напнатите и испиени црти малку му попуштија и таа долови мекост во тврдиот сјај во очите на Боб, но во следниот миг лицето се повлече зад неговата засрамена маска.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Кога малку му се врати свеста, која дојде со студот што му лазеше по телото, веќе беше мрак.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Е сега, факт е дека и малку му лета умо и прави глупости.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
А малку му е и двапати да го отепаш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Малку му е земјата за владеење, го бара и небото.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- На нашиов пријател до пред малку му се привидуваа фатаморгани - рече Б.С.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„А кој спомена излекување? Па овде никој не е болен, овде само секој си живее во свој свет,“ и му ги поднаместив наочарите на носот кој малку му се беше вцрвил од алкохолот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Ајде да ти ги покажам другите простории,“ реков, па излеговме од салата и побрзавме по ходникот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
На сиромавиот малку му е потребно за да се израдува!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Малку му е еднаш да ги убие, ама крастајци голи!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)