малку (прил.) - може (гл.)

Всушност, бидејќи Французте беа добро засолнети, малку можеше да се види, но според прикаските, нивниот живот во споредба со животот на оваа страна на линијата на фронтот беше скоро оперетски.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Откако ја сослуша ваквата определба, Акакиј Акакиевич тажно се одвлечка до својата соба, и како ја минал таму ноќта, му оставаме да пресуди на оној што макар малку може да навлезе во положбата на друг.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Токму кога Пелагија можеше да остане без работа, малку може и поради некој добар збор на Мице Биџов, а најмногу веројатно поради нејзината настојчивост дека има соодветно искуство од прилепскиот тутунов комбинат, таа беше примена на работа во скопскиот тутунов комбинат.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
А обично толку малку можеме да направиме, и толку многу необично.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Таквите носачи многу малку можат да влијаат на формата и големината на носевите.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Подоцна го дознавме тоа и дознавме колку многу нуди светот, колку ги полни очите блесокот на градовите, а колку малку можевме да земеме и да понесеме.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)